ПРВ.мк
Наука/Технологија

(ФОТО) Мистериозно џиновско јајце откриено на Антарктикот: Научниците тврдат дека е од еден од најстрашните праисториски океански предатори – мозаврус!

(ФОТО) Мистериозно џиновско јајце откриено на Антарктикот: Научниците тврдат дека е од еден од најстрашните праисториски океански предатори – мозаврус!
Kristal

На прв поглед, објектот не личел на јајце, но по години истражувања, научниците утврдиле дека станува збор за јајце со мека школка, веројатно од мозаврус – огромен морски гмизавец кој доминирал во древните океани.

Откритието, кое датира од пред околу 68 милиони години, го направиле чилеански истражувачи на островот Семур, а јачината и кршливата структура на јајцето објаснува зошто ваквите фосили се исклучително редки.

Јајцето, со димензии од околу 29x20 см, е најголемо со мека школка кое е откриено досега, а научниците веруваат дека мајката можела да биде долгa најмалку седум метри. Наодот сугерира дека Антарктикот можел да биде место за размножување на големи морски гмизавци за време на потоплото климатско време.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo