ПРВ.мк
Наука/Технологија

МАТЕМАТИКАТА МУ Е ИГРА: Малиот гениј од Македонија што собира златни медали како од шега!

МАТЕМАТИКАТА МУ Е ИГРА: Малиот гениј од Македонија што собира златни медали како од шега!
Kristal

Младиот математички талент Македон Димитровски од Тетово повторно постигна голем успех, освојувајќи уште еден златен медал на меѓународниот натпревар „Математика без граници“. Веста за најновото признание ја споделија неговите родители пред два дена.

Ова не е прв ваков успех за 11-годишниот ученик. Само минатиот месец, на зимската сесија од истиот меѓународен турнир, тој исто така освои златен медал и ја претстави Македонија на највисоко ниво.

Пред крајот на декември, Македон постигна уште еден извонреден резултат на Германската математичка олимпијада, каде освои златен медал со максимален број бодови. Со тој резултат обезбеди пласман на суперфиналето во Франкфурт, кое треба да се одржи во мај годинава.

Според неговите родители, љубовта кон знаењето кај Македон се појавила уште од најрана возраст. Неговиот татко Владимир во претходно интервју открил дека при уписот во училиште психологот предложил Македон веднаш да биде запишан во второ или трето одделение. Сепак, семејството одлучило да остане во прво одделение, сметајќи дека е подеднакво важен и неговиот емоционален развој.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo