ПРВ.мк
Македонија

ВОЗАЧИТЕ НА ЈСП И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЌЕ СНОСАТ КАЗНИ ЗА СОБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ – Градот воведува строга контрола на возниот парк!

ВОЗАЧИТЕ НА ЈСП И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЌЕ СНОСАТ КАЗНИ ЗА СОБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ – Градот воведува строга контрола на возниот парк!
Kristal

Од сега натаму, возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на останатите јавни претпријатија во Скопје ќе ја сносат целосната одговорност за сообраќајните прекршоци, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Доколку не може точно да се утврди кој возел, одговорноста ќе ја преземат шефовите на возниот парк.

„И во Град Скопје и во сите јавни претпријатија одговорноста е пред се кај оној кој што го вози возилото. Целиот трошок ќе биде на сметката на тој којшто направил прекршок. Онаму каде што не знаеме кој е возачот, дали е тоа механизација или лесно возило, одговорноста оди кај шефот на возниот парк“, изјави Ѓорѓиевски.

За да се овозможи прецизно утврдување на возачите, возилата нема да можат да стартуваат без картичка од возачот, која ќе ја регистрира личноста што управува во секој момент.

Покрај новите правила за сообраќајната дисциплина, градот ќе воведе и специјални мерачи на гориво и ГПС-уреди. Системот ќе алармира дури и за минимална разлика во потрошувачката – дури еден литар повеќе – со цел да се спречат долгогодишните злоупотреби и кражби на нафта од тешката механизација и автобусите, потенцира градоначалникот.

Оваа мерка е дел од пошироката стратегија на Градот за подобрување на ефикасноста, дисциплината и транспарентноста во управувањето со јавниот превоз и јавните возила.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo