ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Нов пожар ја зафати депонијата Краста во Куманово – екоактивистите алармираат за „системски колапс“

(ВИДЕО) Нов пожар ја зафати депонијата Краста во Куманово – екоактивистите алармираат за „системски колапс“

Депонијата Краста депонија повторно се најде во фокусот на јавноста откако синоќа околу 20 часот избувнал нов пожар, кој повторно го вознемири Куманово и околината.

Според информациите од терен, пожарот бил забележан од стражарската служба, по што веднаш реагирале екипите на јавното претпријатие ЈП Чистота и зеленило, кои и денес продолжуваат со интервенција на лице место со механизација. Се работи за активна операција во која се носи земја и се покриваат деловите зафатени од огнот, со цел да се спречи негово понатамошно ширење.

Еко-активистите од организацијата Еко Пчиња реагираа остро, тврдејќи дека ова не е изолиран инцидент, туку долгогодишен и нерешен проблем кој директно го загрозува здравјето на граѓаните. Тие посочуваат дека повторливите пожари, чадот и загадувањето се резултат на системски пропусти и недостиг на трајно решение од надлежните институции.

Во нивната реакција, активистите предупредуваат дека депонијата со години е извор на токсичен чад и дека институциите не преземаат доволно мерки за да се спречи повторување на вакви настани, барајќи итна интервенција и јавна одговорност.

Од ЈП „Чистота и зеленило“ велат дека на терен се работи интензивно и дека состојбата е подобрена во споредба со ноќта кога имало појава на поинтензивен оган. Директорот Сашо Томиќ објасни дека проблемот е поврзан со присуство на подземни гасови, особено метан, кој во одредени услови може да предизвика самозапалување.

Според него, ваквите пожари не можат да се гаснат со вода, туку единствениот начин за справување е покривање со земја и постепено контролирање на жариштата.

Иако во моментов нема отворен пламен, на терен сè уште има чадење, а екипите продолжуваат со работа со цел пожарот целосно да биде ставен под контрола во наредните денови.

ВИДЕО

Најнови вести