ПРВ.мк
Македонија

Уште два македонски града добиваат „СЕЈФ СИТИ“ – еве кога ќе почнат со работа!

Уште два македонски града добиваат „СЕЈФ СИТИ“ – еве кога ќе почнат со работа!
Kristal

Во Охрид и во Струга наскоро ќе биде воведен современ систем за надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој ќе вклучува поставување на вкупно 40 сообраќајни камери. Целта на овој проект е да се зголеми сообраќајната дисциплина и да се детектираат прекршоците во реално време, со што се очекува подобрување на безбедноста на патиштата, особено во периодот на летната туристичка сезона, информира OhridNet.

Во моментов, четири камери веќе се поставени на автопатската делница Охрид–Кичево, на потезите меѓу селата Горенци и Требеништа, како и Ботун и Ново Село. Иако уредите се физички монтирани, тие сè уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во завршна фаза на техничка проверка и тестирање, која веќе е завршена.

Според најавите од надлежните, камерите и новата технологија ќе започнат со работа пред почетокот на летната туристичка сезона, со што се очекува значително подобрување на безбедноста и намалување на сообраќајните прекршоци.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo