ПРВ.мк
Македонија

ЦЕНИТЕ ЕКСПЛОДИРАА! Во Центар квадрат скокна до 3.785 евра – овие градови се со најголем раст!

ЦЕНИТЕ ЕКСПЛОДИРАА! Во Центар квадрат скокна до 3.785 евра – овие градови се со најголем раст!
Kristal

Пазарот на недвижности буквално „вриe“. Новиот извештај на Агенција за катастар на недвижности за втората половина од 2025 година покажува драматичен скок на цените на становите низ државата.

Најголем процентуален раст е регистриран во Куманово со 24%, веднаш зад него е Тетово со 22%. Во Скопје, општините Карпош, Кисела Вода и Гази Баба бележат пораст од околу 16 проценти.

Највисоката цена по квадрат е забележана во Скопје, во општина Центар, каде максималната вредност достигнала 232.722 денари, односно околу 3.785 евра за метар квадратен – бројка што поставува нов рекорд. Најниска цена е евидентирана во Чаир, каде квадрат се продавал и за 19.543 денари.

Според Регистарот на цени и закупнини, најмногу станови се продале во Аеродром – вкупно 240, по што следуваат Чаир, Центар и Карпош. Сепак, Центар останува убедливо најскапата локација со просечна цена од над 104 илјади денари по квадрат.

Во анализираниот период се регистрирани 17.603 трансакции, што претставува раст од 6,4% во однос на истиот период лани. Додека повеќето градови бележат зголемување, намалена продажба има во Струмица и Битола.

Од Катастарот оценуваат дека засилената активност се должи на подобрени кредитни услови и зголемена доверба во пазарот.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo