И во Струмица годинава ќе почне да функционира системот „Безбеден град“. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, оствари работна средба со градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, на која дискутираа за имплементацијата на системот.
На средбата се потенцираше зголемувањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, со посебен акцент на заштитата на пешаците, како и оптимизацијата на ресурсите и унапредувањето на сообраќајната инфраструктура.
Заклучено е дека континуираното вложување во модерни решенија и координираниот пристап помеѓу институциите и локалната самоуправа се клучни за создавање побезбедна сообраќајна средина.
Проектот веќе функционира во Скопје, Тетово и Куманово, а најави има дека наскоро ќе започне и во Велес.










