ПРВ.мк
Македонија

Се подготвува голема промена за кафеаните, а многумина дури сега сфаќаат што ќе мора да менуваат

Се подготвува голема промена за кафеаните, а многумина дури сега сфаќаат што ќе мора да менуваат
Kristal

Предлог-законот за заштита од пушење на 24 март треба да се најде на владина седница, по што ќе биде испратен во собраниска процедура. Министерот за здравство Азир Алиу најави дека целиот процес би можел да заврши за околу еден до месец и пол, откако примената што првично беше најавена за 1 март беше одложена поради реакциите на угостителите и тутунската индустрија.

Според најавеното решение, една од најзначајните новини ќе биде обврската угостителските објекти да обезбедат посебен влез за делот наменет за непушачи, со цел граѓаните кои не консумираат цигари да можат да влегуваат и престојуваат без да минуваат низ простор каде што се пуши. Министерот посочи дека токму ова е една од клучните идеи на законот.

Во однос на терасите, по анализи и консултации било оценето дека пушење ќе може да се дозволи и на простори со две отворени страни, наместо три, бидејќи тоа било попрактично решение за голем број угостителски објекти, особено во Скопје. Дополнително, како отворена страна ќе може да се третира и кровот, доколку се исполнуваат условите за проветрување и квалитет на воздухот.

Со новиот закон, властите очекуваат подобра заштита на непушачите, но и јасно дефинирање на местата каде што пушењето ќе биде дозволено. Во наредниот период ќе стане појасно и како точно овие правила ќе треба да ги спроведуваат угостителите на терен.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo