ПРВ.мк
Македонија

РАДАРИТЕ „ГОРЕА“ ВИКЕНДОВ: Рекордни 465 казни за брзо возење, 42 приведени и 12 одземени возила

РАДАРИТЕ „ГОРЕА“ ВИКЕНДОВ: Рекордни 465 казни за брзо возење, 42 приведени и 12 одземени возила
Kristal

Повеќе од 1.000 сообраќајни прекршоци беа регистрирани на патиштата низ државата изминатиот викенд, покажуваат податоците од полициските контроли. За само два дена се издадени вкупно 1.198 платни налози, а најголем дел – 465 казни – се за возачи кои ја надминале дозволената брзина.

Во акциите, 42 лица беа лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило. Од нив:

  • 8 возеле под дејство на алкохол
  • 20 управувале без возачка дозвола
  • 1 лице седнало зад волан и покрај претходно изречена забрана

Полицијата одзеде 13 возила согласно Кривичниот законик. Дополнително, евидентирани се:

  • 173 прекршоци за неправилно паркирање
  • 40 санкции за возење под дејство на алкохол
  • 59 казни за мотоциклисти поради неносење заштитен шлем
  • 31 казна за пешаци
  • 112 санкции за неносење сигурносен појас
  • 20 нерегистрирани возила отстранети од сообраќај
  • 4 возила отстранети поради техничка неисправност

Од полицијата најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови со цел намалување на бројот на сообраќајни несреќи и зголемување на безбедноста на патиштата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo