ПРВ.мк
Македонија

СКОПЈЕ ВО МРАК: Половина град утре останува без струја – проверете дали и вашата улица е списокот!

СКОПЈЕ ВО МРАК: Половина град утре останува без струја – проверете дали и вашата улица е списокот!
Kristal

Подгответе се за хаос во секојдневието бидејќи голем дел од Скопје утре, на 17-ти март, ќе се соочи со сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи веќе ги активираше алармите, најавувајќи дека поради технички зафати во електросистемот, илјадници граѓани ќе мора да ги исклучат своите апарати и да се снаоѓаат без струја со часови.

Ударниот бран започнува рано наутро, веќе од 08:00 часот, кога жителите на населбата Булачани, поточно околу бројот 7 на улицата „2“, први ќе останат во мрак. Но, вистинскиот проблем настанува во Аеродром, каде е најавен маратонски прекин од дури седум часа! Од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улицата „Тодор Чангов“ (броевите 35, 37 и 39), како и добар дел од главната улица, ќе бидат целосно отсечени од мрежата.

Ниту Карпош не е поштеден од оваа акција. Жителите на улицата „Франц Розман“ ќе мора да ги завршат своите обврски пред 09:00 часот, бидејќи струјата нема да се врати сè до 15:00 часот. Најкритично ќе биде во околината на Скопје, каде селата Побожје, Бродец, Танушевци, Малино и Брест ќе бидат во тотален енергетски прекин цели седум часа, односно до 16:00 часот попладне. Доколку живеете во овие реони, наполнете ги вашите батерии и подгответе се за долг ден во тишина.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo