ПРВ.мк
Македонија

Познатиот прогнозер најавува: Доаѓа снег во Македонија – на места ќе наврне до половина метар!

Познатиот прогнозер најавува: Доаѓа снег во Македонија – на места ќе наврне до половина метар!
Kristal

Според најновите прогнози, Македонија се подготвува за значително застудување и обилни врнежи во следните денови. Причина за промената е спуштањето на студен северен воздух кој ќе ја зафати јужна и југоисточна Европа, формирајќи длабок циклон над Јонското море и јужна Италија, што ќе влијае и на времето кај нас.

Од вторник навечер, 31 март 2026 година, ќе започне период на значителни врнежи. Во пониските места и градовите ќе има претежно дожд, додека на повисоките места и на планините над 1000 метри ќе врне снег, кој локално може да создаде снежна покривка до 40–50 сантиметри, а на некои планини и над половина метар. Најобилни врнежите се очекуваат во среда и четврток, 1 и 2 април, а локално ќе има над 50 литри дожд на метар квадратен.

Снежната граница, особено во северните и западните делови, ќе се спушти под 1000 метри, па влажен снег може да наврне и во повисоките населени места. На планините и скијачките центри се очекува значително зголемување на снежната покривка, што ќе го подобри скијачкиот терен, но истовремено ќе бара внимание за безбедноста на патиштата.

Во Скопје и околината ќе има обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен северен ветер. На околните планини врнежите ќе бидат претежно од снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината – наутро од 0 до 9 степени, преку денот од 5 до 12 степени. Во Скопје, утринските температури ќе се спуштаат до околу 7 степени, додека дневните ќе се искачуваат до околу 10 степени.

Метеоролозите апелираат до возачите да бидат крајно внимателни, особено при движење по планинските превои и повисоките делови каде ќе има снежна покривка, како и да ја прилагодат брзината на возилата според условите на патот.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo