ПРВ.мк
Македонија

По судирот во Скопје едниот возач исчезнал – другиот завршил со тешки повреди

По судирот во Скопје едниот возач исчезнал – другиот завршил со тешки повреди
Kristal

Тешка сообраќајна несреќа е пријавена во Скопје, во која сериозно е повреден 56-годишен скопјанец, додека другиот возач го напуштил местото на настанот.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на 22 март на улицата „Методија Андонов – Ченто“, во судир меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со кумановски таблички.

По несреќата, возачот на „БМВ“-то се оддалечил од местото, а случајот подоцна бил пријавен во СВР Скопје. Во судирот, тешки телесни повреди добил возачот на „голф“-от, З.Р. (56) од Скопје, а повредите му биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Надлежните институции информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и за утврдување на сите околности под кои се случила сообраќајката.

Случајот е во фаза на истрага.

🔽 ОД ДЕНЕС СЛУШАЈ ЈА ТВОЈАТА ОМИЛЕНА РАДИО СТАНИЦА НА ПРВ.МК 🔽

https://prv.mk/radio
https://prv.mk/radio
SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo