ПРВ.мк
Македонија

Паника на пумпите? Голема компанија воведе ограничувања за дизел во Македонија!

Паника на пумпите? Голема компанија воведе ограничувања за дизел во Македонија!
Kristal

Една од најголемите нафтени компании во земјава воведе нови правила за точење дизел, што веднаш предизвика внимание кај возачите и транспортните компании. „Лукоил Македонија“ од 7 март 2026 година започна со привремени ограничувања за продажбата на дизел гориво на своите бензински станици.

Според известувањето до потрошувачите, мерката е воведена со цел подобро управување со снабдувањето во актуелните услови на пазарот.

Најголемата промена се однесува на тешките возила. Камионите, автобусите и тракторите отсега ќе можат да точат максимум 50 литри дизел по возило. Ограничувањето важи за горивата Еуро дизел БС и ЕКТО ДИЗЕЛ.

Компанијата исто така воведе строга забрана за точење гориво во туби и канистри кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди. Со ова се настојува да се спречат ризици при складирање и транспорт на горивото.

Од ограничувањата се изземени корисниците кои имаат претходно склучени договори со компанијата, па за нив ќе продолжат да важат договорените услови за снабдување.

Од „Лукоил Македонија“ нагласуваат дека мерката е привремена и е дел од нивниот пристап за одговорно управување со ресурсите, со цел да се обезбеди порамномерна достапност на дизелот за сите корисници.

Оваа одлука доаѓа во време на нестабилности на глобалниот енергетски пазар, што отвора прашања дали ваквите ограничувања би можеле да се појават и кај други снабдувачи доколку ситуацијата дополнително се влоши.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo