ПРВ.мк
Македонија

ПАД ОД БАЛКОН ВО СКОПЈЕ: Турски државјанин тешко повреден, се истражуваат причините!

ПАД ОД БАЛКОН ВО СКОПЈЕ: Турски државјанин тешко повреден, се истражуваат причините!
Kristal

Млад државјанин на Турција се здобил со тешки повреди откако паднал од балкон на зграда во скопската населба Карпош.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил попладнето на 24 март. Повредениот, К.А.Е. (19), веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана медицинска помош.

Во моментов не е утврдено дали станува збор за несреќен случај или има други околности што довеле до падот.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а истрагата продолжува со цел да се расветлат сите детали поврзани со случајот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo