ПРВ.мк
Македонија

НОВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Маж ја заклучил сопругата и четирите деца во тоалет, потоа ги избркал од домот!

НОВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Маж ја заклучил сопругата и четирите деца во тоалет, потоа ги избркал од домот!

Случај на семејно насилство е пријавен во Скопје, во кој 31-годишна жена тврди дека била малтретирана од сопругот.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 2 април 2026 година околу 18:42 часот, сопругот ја заклучил жената во тоалетот во нивниот дом, заедно со нивните четири малолетни деца.

По извесно време, како што е наведено во пријавата, тој физички ја нападнал, а потоа ја избркал од домот.

Жената изјавила дека подолг период била изложена на физичко и психичко насилство, но досега не го пријавувала случајот во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.