На KARIERA.mk денес се издвојуваат нови актуелни огласи за работа од повеќе познати компании, меѓу кои Шпаркасе Банка, Виола Аптеки, H&M, Лидл и Студио Модерна. Станува збор за позиции во продажба, фармација, администрација, логистика, финансии и банкарство.
Студио Модерна во моментов вработува продажни агенти, магацински работник, менаџер за финансии – овластен сметководител и специјалист за продажба. Лидл, пак, има отворено повеќе позиции, меѓу кои специјалист за етикетирање и превод, проектен менаџер во оддел набавки, специјалист за онбординг и квалификација на добавувачи, царински декларант, заменик менаџер на маркет, како и магацински работник и администратор во логистички дистрибутивен центар во Куманово.
H&M нуди можност за вработување на позицијата советник за продажба во Diamond Mall, додека Шпаркасе Банка бара соработник за кредитна администрација за правни лица. Во Виола Аптеки се отворени повеќе позиции за фармацевти и фармацевтски техничари во Карпош, Центар и Аеродром.
Дополнително, активни се и огласи во Виндија за возач/дистрибутер, додека сите останати отворени позиции од Рамстор Македонија, Вдл Ван Хоол Македонија, А1 Македонија и Зегин се достапни на KARIERA.mk преку посебните огласи на компаниите.
Секој што е во потрага по нова работна можност, може да ги разгледа огласите ТУКА.










