ПРВ.мк
Македонија

МУ НОСЕЛА ДРОГА ВО ЗАТВОР ЗА ДА ЈА ПРЕПРОДАВА: Пронајдени марихуана, амфетамин и таблети!

МУ НОСЕЛА ДРОГА ВО ЗАТВОР ЗА ДА ЈА ПРЕПРОДАВА: Пронајдени марихуана, амфетамин и таблети!

Двајца жители на Штип се осомничени дека организирале внесување и продажба на дрога во затвор, по што полицијата открила марихуана, амфетамин и таблети.

Според СВР Штип, 30-годишен затвореник кој издржувал казна во Казнено-поправната установа во Штип, телефонски организирал жена од истиот град да му носи дрога со цел понатамошна продажба зад решетки.

Планот, како што наведуваат од полицијата, бил реализиран на почетокот на мај 2025 година, при што при контрола кај затвореникот биле пронајдени наркотични супстанци кои веднаш биле одземени.

Против двете лица е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.