Ј.П. Комуналец Кавадарци продолжува со засилено темпо на работа и оваа недела, реализирајќи активности на повеќе локации низ градот. Паралелно се работи на улиците „Бигла“, „Иво Лола Рибар“, „Диме Поцев“ и „7-ми Септември“, каде што се спроведуваат различни комунални интервенции.


Денеска започна и реконструкцијата на канализациската и водоводната мрежа во должина од 50 метри на улицата „7-ми Септември“, веднаш под Полициската станица. Овој зафат има за цел подобрување на постојната инфраструктура и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.


Сите активности, од изведба до монтажа, се реализираат целосно од страна на ЈП Комуналец, што овозможува ефикасна и координирана реализација на терен.

Со ваков пристап и континуирана ангажираност, претпријатието продолжува да придонесува за подобра инфраструктура и поквалитетен живот во Кавадарци.










