ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА ИЗМАМА ВО СКОПЈЕ: „Полицаец“ му ветил спас, а му ги зел последните пари!

ГОЛЕМА ИЗМАМА ВО СКОПЈЕ: „Полицаец“ му ветил спас, а му ги зел последните пари!
Kristal

Еден граѓанин од Скопје станал жртва на добро осмислена измама, откако лице што се претставило како полициски службеник успеало да му извлече значителна сума пари.

Сè започнало со телефонски повик во кој измамникот убедливо тврдел дека може да помогне во враќање на изгубени средства. Станувало збор за околу 40.000 евра, кои оштетениот претходно ги вложил во странска компанија што во меѓувреме престанала со работа.

Верувајќи дека конечно ќе си ги врати парите, 45-годишниот скопјанец прифатил „помош“ и во неколку наврати му предал вкупно 3.500 евра на лажниот службеник.

Откако времето минувало, а ветувањата останале само зборови, тој почнал да се сомнева дека нешто не е во ред. Кога сфатил дека е измамен, случајот го пријавил во полиција.

Надлежните органи веќе работат на расчистување на случајот и трагаат по лицето кое стои зад оваа измама, додека граѓаните повторно се предупредуваат да бидат внимателни при вакви контакти и да не веруваат на непроверени лица, без разлика на тоа како се претставуваат.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo