ПРВ.мк
Македонија

Дождот стигнува попладне, а потоа следува пресврт: Температурите паѓаат, можно е и снег

Дождот стигнува попладне, а потоа следува пресврт: Температурите паѓаат, можно е и снег
Kristal

Следните денови носат значителна промена на времето, со повеќе облаци, дожд и чувствително заладување. Веќе од попладневните часови и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, проследени со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој особено ќе биде поизразен долж Повардарието.

Утре и во четврток нестабилното време ќе продолжи, а локалните врнежи ќе бидат почести и пообилни, особено во западните делови од земјата. Поради продор на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои повисоки места ќе има услови дождот постепено да преминува во снег.

Ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од источен и североисточен правец, додека од петок се очекува ветерот да се сврти од север, што дополнително ќе придонесе за пад на температурите.

Во наредните денови утринските температури ќе се спуштаат и под нулата, додека дневните ќе достигнуваат до околу 16 степени. Временската слика јасно најавува дека пролетното затоплување накратко ќе отстапи пред посвежо и понестабилно време.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo