ПРВ.мк
Македонија

Македонските аеродроми на врвот – што стои зад овој успех?

Македонските аеродроми на врвот – што стои зад овој успех?

Александар Николоски објави дека Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со импресивен раст од 32 проценти во однос на истиот период лани. Овој резултат, како што посочува, е потврден и од меѓународни извори, што дополнително ја зацврстува позицијата на Македонија на авио-мапата.

И покрај одредени предизвици, како што е влијанието на конфликтите на Блискиот Исток, кои довеле до намалување од околу 6.000 седишта од вкупно планираните 390.000, македонските аеродроми и понатаму остануваат високо рангирани во регионот.

Во првите месеци од годината, бројот на патници пораснал за околу 30 проценти, додека бројот на авио-операции е зголемен за 20 проценти. Овие податоци укажуваат на силен тренд на раст и успешност на политиките за развој на авиосообраќајот.

Паралелно со тоа, воведени се нови авиолинии – од Скопје кон Неапол и Будимпешта, како и од Аеродром Св. Апостол Павле кон Милано и Братислава. Во текот на летниот период се очекува дополнително проширување со линии кон Катовице и Вроцлав од Охрид, како и кон Палермо и Алгеро од Скопје.

Во изминатите речиси две години, воспоставени се вкупно 24 нови авиолинии, што претставува рекорден број и значаен чекор кон подобра поврзаност со европските дестинации.

Истовремено, се реализира и проект за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром, со цел зголемување на капацитетот за патници и операции, што ќе овозможи уште поголем развој на авиосообраќајот.

Според проценките, до крајот на годинава бројот на патници може да надмине 3,5 милиони, а веќе следната година да достигне и до 4 милиони – бројки кои досега не биле забележани.

Во однос на состојбата со горивата, надлежните уверуваат дека ситуацијата е стабилна и дека авиосообраќајот се одвива без прекини.