ПРВ.мк
Македонија

АЛКОХОЛОТ ПОВТОРНО ЈА КОСИ МАКЕДОНИЈА: Тешка сообраќајка и низа приведени пијани возачи низ државата!

АЛКОХОЛОТ ПОВТОРНО ЈА КОСИ МАКЕДОНИЈА: Тешка сообраќајка и низа приведени пијани возачи низ државата!
Kristal

Во текот на изминатата ноќ и вечерта пред тоа, на повеќе локации низ Македонија биле регистрирани сериозни сообраќајни инциденти и приведувања на возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Најтешкиот случај е евидентиран во Битола, каде што сообраќајна несреќа завршила со тешки телесни повреди.

На 14 јануари 2026 година, во 00:32 часот, во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Филип Втори Македонски“ и „Батаљон Стив Наумов“ се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б. (36) од Битола, и патничко возило „дачиа сандеро“, исто така со битолски таблички, управувано од Н.М. (61) од Битола. Во несреќата, сопатничка од возилото „дачиа сандеро“ се здобила со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди биле повредени двајцата возачи, како и сопатничките Ј.Т. (24) и Ф.Т. (24), двете од Битола. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Битола.

По наредба на јавен обвинител, на местото бил извршен увид од увидна екипа на СВР Битола. По преземените мерки било утврдено дека возачот на „форд ескорт“ го управувал возилото под дејство на алкохол, со измерени 1,81 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил лишен од слобода.

Само неколку часа претходно, на 13 јануари 2026 година во 23:35 часот, на крстосницата од улиците „Лесковачка“ и „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.П. (28) од Куманово. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, а по извршен алкотест било утврдено дека возачот имал дури 2,55 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 14 јануари 2026 година во 00:52 часот, на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода В.О. (50). Тој управувал патничко возило „шевролет“ со италијански национални ознаки, а при контролата било утврдено дека возел со 1,80 промили алкохол во крвта. И овој возач бил веднаш исклучен од сообраќај и задржан.

Во Неготино, на 14 јануари 2026 година во 02:50 часот, на улицата „Индустриска“, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Т.Б. (38) од Неготино. Тој управувал „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки и бил затекнат со 1,54 промили алкохол во крвта.

Претходно, на 13 јануари 2026 година во 19:30 часот, на улицата „28 Август“ во Македонска Каменица, бил лишен од слобода Д.Р. (72) од Македонска Каменица. Тој управувал патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки и имал 2,27 промили алкохол во крвта.

Истиот ден, во 21:40 часот, на магистралниот пат А2 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле И.К. (44) од Скопје, кој управувал „фолксваген голф“ под дејство на алкохол, со измерени 1,84 промили.

Во 21:13 часот, на улицата „Јусуф Багери“ во Дебар, бил лишен од слобода Љ.М. (60) од Дебар. Тој управувал „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки и имал 1,83 промили алкохол во крвта.

Во Битола, на 13 јануари 2026 година во 20:58 часот, на улицата „Довлеџик“, полициски службеници од СВР Битола го привеле Д.А. (58) од Битола. Тој управувал патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки и бил затекнат со 1,92 промили алкохол во крвта.

По целосното документирање на сите настани, против приведените лица ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик, за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo