ПРВ.мк
Македонија

Редок момент во ЗОО Скопје: На свет дојде бебе пингвин Хамболт!

Редок момент во ЗОО Скопје: На свет дојде бебе пингвин Хамболт!
Kristal

По 42 дена трпеливо чекање, во ЗОО Скопје се појави ново бебе пингвин од загрозениот вид Хамболт, предизвикувајќи возбуда кај персоналот и посетителите. Горди родители се Лила и Џонатан, кои повторно покажаа извонредна грижа за своето потомство.

„Таткото Џонатан ја презеде главната улога, внимателно го инкубираше јајцето и постојано го штитеше гнездото, додека Лила повеќе време поминуваше во базен. Оваа поделба на грижа е природна за видот и клучна за успешно изведување на младенчињата“, велат од ЗОО Скопје.

Хамболт пингвините се критично загрозен вид во дивината, па секое младенче е значајно за зачувување на популацијата. Со континуирани успеси во размножувањето, ЗОО Скопје се издвојува како најуспешна зоолошка градина во регионот за одгледување на овој редок вид кој потекнува од Аргентина и Чиле.

Родителите продолжуваат да се грижат за бебето со целосна посветеност, а персоналот ги следи нивните активности за да обезбеди безбедност и оптимални услови за раст и развој на младенчето.

Овој успех ја потврдува посветеноста на ЗОО Скопје кон зачувување на загрозени видови и го зајакнува значењето на локалните зоолошки градини како центри за конзервација и едукација.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo