ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА ВО КУМАНОВО: Пожарникари физички нападнати во нивната база!

ДРАМА ВО КУМАНОВО: Пожарникари физички нападнати во нивната база!
Kristal

Тројца пожарникари од Куманово биле нападнати додека биле на должност во кругот на Територијалната противпожарна единица. Напаѓачите користеле тупаници и камења, при што еден од пожарникарите бил повреден.

Синдикатот на пожарникарите при НСДА остро го осуди инцидентот и побара итна реакција од МВР и Обвинителството. Тие нагласија дека нападот врз службени лица кои работат за заедницата е недозволив и дека сторителите мора да сносат кривична одговорност.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, исто така осуди го нападот и апелираше за брза реакција на институциите. Тој посочи дека пожарникарите заслужуваат почит за нивната хумана професија и им посака брзо закрепнување на повредените.

СВР Куманово приведе две лица на возраст од 32 години, осомничени за нападот. Според полициското соопштение, лицата Љ.Г. и Ф.С. се сомничат дека физички го нападнале 35-годишниот пожарникар С.С.. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од Општата болница во Куманово потврдија дека кај нив е примено едно лице со повреди на главата. По укажаната лекарска помош, повредениот пожарникар е пуштен на домашно лекување.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo