ПРВ.мк
Македонија

Внимание Скопје: Дел од градот без струја и вода!

Внимание Скопје: Дел од градот без струја и вода!
Kristal

ЕВН Македонија АД и ЈП Водовод и канализација известуваат за привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода на неколку локации во Скопје.

Без струја:

  • На 18.03.2026 (среда), од 08:00 до 15:30 часот, корисниците од село Држилово (Општина Сопиште) ќе останат без електрична енергија поради зафати во електродистрибутивната мрежа.

Без вода:

  • Поради реконструкција на водоводна мрежа (ф 80 мм) на ул. Мирослав Крлежа бр. 53, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекин ќе имаат корисниците од дел од улиците: Мирослав Крлежа, Дебарца и Отон Жупанчич (Општина Центар).
  • Поради менување на вентил во шахта на ул. Македонија бр. 10, од 10:00 часот до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците на потегот од ул. Димитрие Чуповски до ул. Даме Груев (Општина Центар).

Граѓаните се советуваат да се снабдат со потребни резерви на вода и да ги земат предвид прекините при планирање на активности.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo