ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) Адреналин во Сараево: Маж скокна со падобран од зградата „Босмал“

(ВИДЕО) Адреналин во Сараево: Маж скокна со падобран од зградата „Босмал“
Kristal

На социјалните мрежи се појави видео од непознат маж кој изведува екстремен скок со падобран од една од највисоките згради во Сараево – „Босмал“, во населбата Храсно.

Снимката беше објавена на Инстаграм страницата Freeflow Nation, каде што може да се види како мажот се подготвува на врвот на зградата, а потоа скока и се спушта со падобран кон паркот во близина. Во описот на видеото тој кратко напишал: „Добро утро, Сараево“.

По скокот, падобранецот безбедно слетал во еден од парковите во сараевската населба Храсно. Неговиот идентитет не е познат, бидејќи на снимката лицето му е скриено со маска.

На неговиот профил на социјалните мрежи може да се видат и други снимки од екстремни скокови од високи објекти на различни локации низ светот.

Овој тип на екстремен спорт е познат како „бејс-џампинг“ (BASE jumping) и подразбира скокање со падобран од фиксни објекти како што се згради, мостови, антени или карпи. Спортот се смета за еден од најризичните, поради малата висина од која се скока и краткото време за отворање на падобранот.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo