ПРВ.мк
Магазин

Остров во Италија бара нови жители – властите нудат до 15.000 евра и месечни бонуси за деца!

Остров во Италија бара нови жители – властите нудат до 15.000 евра и месечни бонуси за деца!
Kristal

Сардинија нуди уникатна можност за сите што сакаат да живеат во мирно рурално место. Локалните власти отвораат програма за преселување во села со помалку од 3.000 жители, со цел да го заживеат населението кое со години се намалува.

Секое домаќинство може да добие грант до 15.000 евра за купување или реновирање на недвижност, со обврска да се всели во рок од 18 месеци, за да се обезбеди трајно населување.

Дополнително, семејствата ќе можат да добијат месечни бонуси за децата: околу 600 евра за првото дете и 400 евра за второто, сè додека децата не наполнат пет години.

Програмата е дел од поширока стратегија за обнова на заедниците погодени од иселување и зајакнување на локалната економија. За оваа иницијатива е издвоен буџет од 45 милиони евра, што покажува дека властите гледаат на ова како долгорочна мерка за справување со иселувањето од руралните подрачја.

Сепак, поддршката важи само за мали општини, а оние што веќе живеат во слични места на Сардинија немаат право да аплицираат.

За многумина ова претставува шансa за живот покрај море, во пријатна клима, со побавен ритам и поволности за семејства, што ја прави програмата особено привлечна и предизвикува голем интерес на интернет.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo