Њујорчанецот Мики Барето ја шокира јавноста со неверојатната приказна за тоа како една ноќ во легендарниот хотел „Њујоркер“ му овозможила да живее речиси бесплатно со години, додека се обидувал на хартија да го присвои целиот објект.
Сè започнало во 2018 година, кога Барето и партнерот преноќиле во соба 2565, плаќајќи само 200 долари. Но токму тоа кратко ноќевање станало основа за правна маневра: Барето тврдел дека според редок закон за закуп на станари од згради пред 1969 година, има право на шестмесечен престој. Кога хотелот одбил да му издаде договор, тој се обратил на суд – кој, поради отсуство на претставник од хотелот, му доделил „поседување“ на собата.
Овој правен трик му овозможил да престојува без кирија и подоцна го користел како основа за обиди да преземе контрола врз целиот хотел. Барето дури објавил лажен документ на градската веб-страница тврдејќи дека е сопственик на хотелот и дури се обидел да наплаќа кирија на друг станар.
Вистинскиот сопственик, религиозна организација „Јунификејшн чрч“, покренала судска постапка кога ги открила неговите намери. Во 2024 година Барето бил иселен и се соочил со обвиненија за кривична измама. По психијатриска процена, тој признал вина и добил шест месеци затвор и пет години условна казна.
Приказната на Барето останува како еден од најневеројатните примери на тоа како еден правен трик и слабостите во системот можат да доведат до речиси бесплатен престој во еден од најпознатите хотели во светот.

















