Алеира Авендано (33) од Мајами тврди дека потрошила милиони долари и направила бројни пластични операции за да го оствари својот сон – да има најтесен струк во светот. Не го симнува својот корсет речиси никаде освен кога се тушира, а тој ѝ ја промени формата на телото до тој степен што вели дека нејзините внатрешни органи се „поместиле и прилагодиле“.

Со струк широк само 46 сантиметри, Алеира има јасна цел – да го престигне рекордот на Кети Јунг со струк од 38 сантиметри. За оваа трансформација вложила повеќе од милион долари, вклучувајќи седум операции за зголемување на градите, пет корекции на носот, импланти на задникот и естетски третмани.
„Моето тело е вистинска инвестиција и вреди да биде осигурено“, вели Алеира. Сепак, шиењето облека по мерка е неизбежно, бидејќи со своите природно широки колкови и уникатни димензии не може да најде ништо готово.

Таа убедува дека пластичната хирургија им помага на жените да изгледаат поубаво и дека секој кој е упорен со корсетот ќе забележи резултати во само неколку месеци.
Дали вреди секојденевното ограничување и многумина пари за совршенство? Алеира одговара – апсолутно!