Тешка сообраќајна несреќа го потресе скопското село Марино, откако 52-годишен пешак го загуби животот откако бил удрен од автомобил управуван од 21-годишник.
Според информациите, несреќата се случила синоќа околу 23:20 часот на улицата „500“ во населбата Марино, во Општина Илинден. Автомобил „КИА“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А. (21), удрил во пешакот О.М. (52), кој исто така бил од Марино.
Од здобиените повреди, пешакот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Возилото е одземено за вештачење, додека 21-годишниот возач е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба.
На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Скопје, а по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


















