Полицијата информира дека вчера попладне, околу 14:50 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во магацин во круг на фабрика на подрачјето на Кисела Вода, на Д.Д. (40) од Скопје, додека бил на работното место, му се слошило и починал.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.


















