Вчера (06.02.2026) во 11:53 часот, на крстосницата меѓу улиците „Кеј на револуцијата“, „Браќа Ставреви“ и „Нов мост“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа:
- Судир помеѓу патничко возило „Ауди“ управувано од Д.Ф. (37) и мопед управуван од 17-годишник, двајцата од Кочани.
- Во несреќата малолетникот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил хоспитализиран во Клиничка болница Штип.
- На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на ОВР Кочани.

















