ПРВ.мк
Црна Хроника

Пензионерка жртва на измама: Лажен лекар ја известил за тешки повреди на внуката - еве со која сума ја оштетил!

Пензионерка жртва на измама: Лажен лекар ја известил за тешки повреди на внуката - еве со која сума ја оштетил!
Kristal

На 06.02.2026 во 11:25 часот, 76-годишна жена од Битола пријавила измама во СВР Битола.

Според пријавата, непознато машко лице ѝ се јавило на телефон и се претставило како лекар, тврдејќи дека нејзината внука била тешко повредена во сообраќајна несреќа и дека е потребно да се дадат пари за спас на животот.

Жената заедно со сопругот изнеле 7.000 евра и ги предале на лице кое ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена и дека нејзината внука не била учесник во сообраќајна несреќа.

СВР Битола презема мерки за расчистување на случајот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo