ПРВ.мк
Црна Хроника

МИСТЕРИЈА ШТО ЈА ТРЕСЕ ЈАВНОСТА: Само еден човек наводно знае каде е телото на Данка – шокантни детали од истрагата по две години!

МИСТЕРИЈА ШТО ЈА ТРЕСЕ ЈАВНОСТА: Само еден човек наводно знае каде е телото на Данка – шокантни детали од истрагата по две години!
Kristal

Две години по исчезнувањето и убиството на двегодишната Данка Илиќ, случајот и понатаму ја вознемирува јавноста, а новите информации од истрагата отвораат уште посериозни прашања. Според наводите од обвинението, постои сомнеж дека токму Радослав Драгиевич е единствената личност која знае каде се наоѓа телото на девојчето.

Радослав, татко на првоосомничениот Дејан Драгиевич, е опфатен со обвинението на Вишото јавно обвинителство во Заечар и се товари за помагање на сторител по извршување на кривично дело. Сепак, тој се наоѓа на слобода од 29 мај 2024 година, кога му истекол двомесечниот притвор.

Според информациите од обвинението, постои основано сомнение дека во периодот од 28 март до 4 април 2024 година, Радослав заедно со својот син не го пријавил Срѓан Јанковиќ како соизвршител во убиството.

Истрагата наведува дека на 28 март, два дена по убиството, Дејан го земал телото на девојчето од депонија и го донел во дворот на семејната куќа, каде им признал на татко му и брат му што направил.

Според достапните податоци, телото на Данка наводно било чувано во дворот дури осум дена. Потоа, во периодот меѓу 4 и 6 април, Радослав заедно со другиот син го пренел телото во напуштена куќа на патот кон Злот.

Обвинението дополнително наведува дека, по апсењето на осомничените, Радослав повторно отишол до таа куќа, го зел телото и го сокрил на засега непозната локација со цел да го спречи неговото пронаоѓање.

За време на целата постапка, Радослав се бранел со молчење. И по излегувањето од притвор, тој изјавил дека нема што да каже во врска со случајот. Во меѓувреме, семејството се соочило и со дополнителни трагедии – му починале сопругата и еден од синовите.

Според обвинението, кобниот настан се случил на 26 март 2024 година во Бањско Поле, кај Бор. Осомничените, движејќи се со автомобил, ја удриле малата Данка, по што, според наводите, решиле да го сокријат делото. Постојат сомнежи дека детето било живо по ударот, по што донеле одлука да го усмртат и да го сокријат телото за да избегнат одговорност.

Против Дејан Драгиевич и Срѓан Јанковиќ е подигнато обвинение за тешко убиство во соизвршителство, за кое е предвидена казна доживотен затвор без можност за условно ослободување. Радослав Драгиевич, пак, се соочува со обвиненија за непријавување на кривично дело и помагање по неговото извршување.

Случајот и натаму останува еден од најпотресните и најзагадочните во регионот, особено поради фактот што телото на девојчето сè уште не е пронајдено.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo