ПРВ.мк
Црна Хроника

МАКЕДОНИЈА ЖАЛИ: Почина познат спортист!

МАКЕДОНИЈА ЖАЛИ: Почина познат спортист!
Kristal

Македонскиот спорт е завиен во црно по веста дека ненадејно почина познатиот спортски работник Србиноски, на 61 година, како последица од инфаркт. Со неговата смрт, Струга и македонскиот ракомет загубија личност која цел живот го посвети на развојот на спортот во регионот.

Србиноски беше некогашен ракометар на клубот Струга, а подоцна и тренер, работеше со младинските категории и ги подготвуваше новите генерации на ракометари. Неговата енергија и посветеност ја зацврстија структурата на клубот и го направија Струшкиот турнир препознатлив на национално ниво.

Во последните години, Србиноски го носеше товарот на организацијата на традиционалниот турнир покрај езерото, како директор, оставајќи незаменлив придонес во спортската заедница.

Неговото заминување остава голема празнина во спортската сцена, но неговото дело и љубовта кон ракометот ќе останат трајно запаметени.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo