ПРВ.мк
Црна Хроника

Тажна вест што одекна низ Македонија: Почина еден од познатите македонски бизнисмени!

Тажна вест што одекна низ Македонија: Почина еден од познатите македонски бизнисмени!
Kristal

Со длабока тага од КК Гостивар ја соопштија веста за смртта на Ѓорѓи Божиноски, спортски директор и еден од основачите на клубот.

Од клубот истакнуваат дека Божиноски оставил значајна трага во спортот и во локалната заедница. Со својата посветеност, визија и голема љубов кон кошарката и клубот, тој бил еден од луѓето кои ги поставиле темелите врз кои се градел развојот на КК Гостивар.

„Неговиот труд, енергија и поддршка ќе останат засекогаш дел од историјата на клубот“, наведуваат од КК Гостивар.

Покрај ангажманот во спортот, Божиноски бил почитуван и како долгогодишен директор во ЕСМ Гостивар, каде со својата професионалност и работа придонел за развојот на институцијата и за напредокот на градот.

Од клубот велат дека ќе го паметат како човек со големо срце, искрен пријател и посветен спортски работник.

Воедно, упатуваат искрено сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите кои го познавале.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo