Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, најави дека од јануари ќе започне службата на првата генерација млади кои ќе бидат обврзани да поминат задолжителен воен рок. За таа цел, армијата подготвила над 120 утврдени простории каде ќе се извршува обуката.
Гашиќ истакна дека враќањето на задолжителната воена служба не е ниту лесно, ниту евтино, и дека Министерството веќе ги започнало подготовките на сите законски и подзаконски акти потребни за стапување во сила на оваа обврска.
На есенската сесија на Собрание на Република Србија ќе биде предложен нов пакет закони за армијата, вклучувајќи и закон за враќање на задолжителната воена служба. Министерот изрази надеж дека првата генерација војници ќе започне со обуката помеѓу јануари и март, кога ќе се формираат сите потребни групи за службата.















