Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа упати сериозно предупредување до јавноста, истакнувајќи дека воениот сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Косово е насочен директно против Србија. Според него, овие земји чекаат „поволен момент“ во светот, кога би можел да настане општ хаос, за да започнат конфликт, но додаде дека Србија е целосно подготвена да одговори.
„Нивните намери се јасни, но Србија има доволно сила за одвраќање. Можете мирно да спиете бидејќи тие нема да нè нападнат – добро знаат каков би бил нашиот одговор“, изјави Вучиќ.
Претседателот потенцира дека Србија нема намера да напаѓа земји од НАТО, но дека воената подготовка на државата е на највисоко ниво, со цел да се заштити територијалниот интегритет.


















