ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) Храбра продавачка се спротивстави на напаѓач со автоматска пушка!

(ВИДЕО) Храбра продавачка се спротивстави на напаѓач со автоматска пушка!
Kristal

Храбра продавачка во населбата Залик во Мостар спречи обид за грабеж на продавница, спротивставувајќи му се на напаѓач вооружен со автоматска пушка, јавија локалните медиуми.

Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот. На снимките од надзорните камери се гледа како маж облечен во црна јакна влегува во објектот, а по кратко време извадил автоматска пушка од под јакната.

Наместо да се повлече, вработената застана пред него, по што дошло до турканица и борба за оружјето.

Напаѓачот во неколку наврати ја удрил жената со тупаница во предел на главата, но таа не попуштила во намерата да го разоружи.

Во еден момент од пушката бил испукан рафал, но за среќа нема повредени лица.

На местото на настанот интервенирале припадници на Полициска управа Мостар, кои извршиле увид.

Полицијата презема интензивни активности за утврдување на идентитетот на сторителот и негово приведување.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo