ПРВ.мк
Балкан

Убава вест за овие пензионери: Владата одлучи да добијат празничен бонус

Убава вест за овие пензионери: Владата одлучи да добијат празничен бонус

Речиси 80% од пензионерите во Бугарија ќе добијат празничен додаток, откако владата одлучи над 1,6 милиони постари лица да добијат финансиска поддршка за Велигден, објави Факти.бг.

Бугарскиот министер за труд и социјална политика, Хасан Адемов, соопшти дека пензионерите со пензија или вкупни приходи до линијата на сиромаштија од 390,63 евра ќе добијат по 50 евра.

За пензионерите со приходи од 390,64 до 629,20 евра, колку што изнесува минималната плата, предвиден е додаток од 20 евра.

Министерот истакна дека со оваа мерка се поддржуваат најранливите граѓани, нагласувајќи дека претходно само околу 33% од пензионерите добивале додатоци за Велигден и Божиќ, бидејќи исплатата се однесувала само на лицата со пензии до линијата на сиромаштија.

Сега, кругот на корисници се проширува за да ги опфати и пензионерите со примања до минималната плата. Средствата потребни за оваа мерка изнесуваат 57,8 милиони евра.

Адемов изрази надеж дека идниот парламент ќе ги усвои предложените измени во Законот за социјална помош, со кои поддршката би се проширила и на други ранливи категории, вклучувајќи лица со попреченост, семејства со ниски приходи и социјално загрозени граѓани.