ПРВ.мк
Балкан

Се удавија пред очите на сите-Млади родители скокнаа во Дунав за да го спасат бебето

Се удавија пред очите на сите-Млади родители скокнаа во Дунав за да го спасат бебето
Escape

Млад брачен пар од Романија ги загуби животите во страшна несреќа, откако се фрлија во надојдениот Дунав за да ја спасат својата деветмесечна ќерка. Трагедијата се случи кај дива плажа во близина на Ѓурѓу и ја потресе целата земја.

Дваесетгодишната мајка прва влегла во реката со бебето во раце, не знаејќи дека токму таму има опасна вдлабнатина со силни струи. За миг и двајцата исчезнале под водата.

Таткото (26) скокнал без размислување и успеал херојски да го одржи бебето над површината додека сведоци притрчале и ја извлекле малечката жива. Но, тој и сопругата биле повлечени и исчезнале во длабочините.

По интензивна потрага, телото на мајката било најдено следниот ден, а телото на таткото малку подоцна. Девојчето остана без родители, но живо – благодарение на нивната последна херојска борба.

Романските медиуми ја пренесуваат трагедијата со длабока тага, додека јавноста со сочувство се поклонува пред жртвата на овие млади родители.

Mia Home Mavrovo