Во раните утрински часови дошло до пукање во дискотека во Приштина, на улицата „Ахмет Красниќи“ во населбата Драгодан, при што според првичните информации се ранети две лица со огнено оружје.
Портпаролот на полицијата за регионот на Приштина, Енис Плана, потврдил дека инцидентот бил пријавен околу 4 часот наутро, по што полициски патроли веднаш биле испратени на местото на настанот.
Повредените лица биле згрижени и пренесени на укажување лекарска помош, додека полицијата започнала увид и собирање докази.
– По добиената информација за прострелни рани, полицијата реагираше веднаш и ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на околностите – изјавил Плана.
Истрагата е во тек, а засега не се познати мотивите и деталите за пукањето.










