ПРВ.мк
Балкан

ЕУ ги укинува роаминг трошоците и за Западен Балкан!

ЕУ ги укинува роаминг трошоците и за Западен Балкан!
Kristal

Европската комисија предложи почеток на преговори со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија за целосно укинување на трошоците за роаминг. Ова значи дека наскоро повици, СМС-пораки и користење на мобилни податоци при патување меѓу ЕУ и Западен Балкан може да бидат по домашни цени.

Доколку договорите бидат финализирани и усогласени со правилата на ЕУ, граѓаните и компаниите од регионот ќе можат да комуницираат без дополнителни трошоци, а исто така и туристите и бизнис патниците од ЕУ ќе имаат исти предности кога ќе патуваат на Западен Балкан.

Со усвојувањето на предлогот за преговарачки мандат, Европската комисија сега чека одобрение од Советот за да започне билатерални преговори со секоја земја од регионот. Ова е голем чекор кон олеснување на комуникацијата и намалување на финансискиот товар за сите патници.

Марта Кос, европската комесарка за проширување, нагласи дека непредвидливите сметки за роаминг долго време претставуваат проблем за граѓаните на Западен Балкан. „Неочекуваните трошоци за време на патувањето повеќе не се прифатливи. Предложивме проширување на режимот без роаминг на целиот Западен Балкан“, истакна таа.

Овој потег ќе ја направи комуникацијата полесна, поевтина и по транспарентна, а за граѓаните и бизнисите ќе значи значителна олеснување кога ќе патуваат или работеа со партнерите од соседните земји.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo