Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 06:46 часот во Грција.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на 17 километри северно од градот Ливадија и 95 километри западно од Перистери, на длабочина од шест километри.
Засега нема информации за материјална штета или повредени лица. Сеизмолошките служби продолжуваат да ја следат состојбата.


















