ПРВ.мк
Балкан

Турција донира 50 дронови камикази на Албанија! - дали е ова воена поддршка или провокација?

Турција донира 50 дронови камикази на Албанија! - дали е ова воена поддршка или провокација?
Kristal

Албанската армија ја зајакна својата одбранбена моќ со 50 камикази дронови YIHA-III, кои се сметаат за прецизни системи дизајнирани за напади врз радари, системи за воздушна одбрана и стратешки цели. Дроновите се лоцирани во воздухопловната база во Кучово, објавија албанските медиуми.

Според базата на податоци на SIPRI Arms Transfers, YIHA-III се класифицирани како „loitering munition“ – вид муниција што може долго време да остане во воздух пред да ја погоди целта. Овие дронови се подарок од Турција во рамки на стратешката соработка меѓу двете земји, истакна албанскиот премиер Еди Рама.

Министерството за одбрана на Албанија нагласува дека новата опрема има за цел да ја зајакне безбедноста на земјата и придонесот кон НАТО, без да претставува закана за соседните држави.

Покрај дроновите, Албанија продолжува со модернизацијата на својата армија со дополнителна опрема. Во планот е набавка на 20 оклопни возила LMV-2 од италијанската компанија Iveco Defense Vehicles, чија испорака се очекува во иднина, по нарачката од 2025 година.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo