Претседателот на Србија Александар Вучиќ одржа итен состанок со претставници од надлежните институции, откако глобалниот пазар на енергенси беше погоден од нов бран на поскапувања.
Фокусот на средбата бил ставен на состојбата со горивата во земјата, како и на достапноста и стабилноста на резервите. Повод за ваквата реакција е наглиот скок на цените на суровата нафта, кој достигна околу 112 долари за барел.
Според извештаите, растот на цените следел по информации за напад врз гасен објект во едно од најголемите наоѓалишта во светот – Јужен Парс. Станува збор за клучен енергетски капацитет што го делат Иран и Катар.
Дополнително, катарските власти пријавиле значителна штета на индустрискиот комплекс Рас Лафан, што дополнително ја зголемило загриженоста на пазарите.
Иако цените на нафтата и гасот нагло пораснаа, тие сè уште не го достигнале максимумот забележан претходно овој месец, кога барел нафта се тргуваше по уште повисока цена.
Сепак, ваквите случувања ја зголемуваат неизвесноста и ја отвораат можноста за нови поскапувања, што може да има директно влијание врз економиите во регионот и пошироко. Надлежните во Србија внимателно ја следат ситуацијата и најавуваат подготвеност за понатамошни чекори доколку кризата се продлабочи.


















