ПРВ.мк
Свет

УЖАС ВО ХОЛИВУД: Автомобил влета во толпа – над 30 повредени, има и во критична состојба

УЖАС ВО ХОЛИВУД: Автомобил влета во толпа – над 30 повредени, има и во критична состојба
Escape

На булеварот Санта Моника во Источен Холивуд се случи стравична несреќа кога автомобил влета директно во толпа луѓе во раните утрински часови. Според информациите од итните служби во Лос Анџелес, најмалку 30 лица се повредени, од кои седум се борат за живот, а шест се во тешка состојба.

На местото пристигнале 124 пожарникари и брзи служби за помош, а сцените што ги затекнале биле морничави – уништен автомобил со целосно смазан преден дел и расфрлани остатоци по патот сведочат за силата на ударот.

Полицијата моментално врши истрага, а јавноста е во шок. Булеварот Санта Моника, инаку познат дел од Патот 66 и срце на Беверли Хилс, беше привремено затворен за сообраќај.

Се очекуваат повеќе информации за причините и идентитетот на возачот кој го предизвика овој хорор.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo