ПРВ.мк
Свет

Зеленски алармира: Русија подготвува нова голема војна во Европа – еве кога!

Зеленски алармира: Русија подготвува нова голема војна во Европа – еве кога!
Kristal

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изнесе ново сериозно предупредување: според украинските процени, Русија планира да започне широка агресија на европскиот континент во 2029 или 2030 година. Тој тврди дека забрзаното производство на руско оружје е јасен сигнал дека Кремљ не планира да ја прекине војната против Украина, туку напротив – да ги прошири своите цели.

Зеленски во својата објава посочи дека руската индустрија работи на полна пареа, со зголемено производство на ракети, дронови и тешка воена техника, што според Киев укажува на долгорочна подготвеност за конфликт.

„Не гледаме желба Русија да ја запре војната. Според она што го анализираме, тие се подготвуваат за продолжување на агресијата. Нашите процени покажуваат дека Москва веќе планира нова офанзива, и тоа во Европа, во периодот 2029–2030 година“, изјави Зеленски.

Тој повтори дека единствениот начин Русија да биде запрена е преку заеднички притисок од западните сили – како економски, така и воено-политички. Зеленски ги повика европските држави да не чекаат, туку да ја спречат Русија додека, како што кажа, „сè уште е можно“.

Во меѓувреме, САД воведоа нови санкции кон две големи руски енергетски компании – „Роснефт“ и „Лукоил“, со цел дополнително да се ограничи финансирањето на руската воена машинерија. Според Украина, овие санкции ќе ѝ нанесат на Русија загуби од најмалку 50 милијарди долари годишно.

Европската унија, пак, неодамна го усвои 19-тиот пакет санкции против Москва, како дел од продолжените притисоци за запирање на руската инвазија.

Зеленски порача дека доколку светот не преземе поодлучни чекори сега, цената подоцна може да биде многу поголема – и за Европа, и за глобалната безбедност.

Escape