Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Тиренското Море, во близина на западниот брег на Италија, информира Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГИЗ).
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, магнитудата на земјотресот била нешто пониска и се проценува на 5,9 степени.
Потресот бил регистриран на длабочина од околу 377 километри под површината на земјата. Епицентарот се наоѓал на приближно 43 километри југозападно од Неапол, еден од најголемите италијански градови кој има околу 959.000 жители.
Во моментов нема информации за предизвикани материјални штети или повредени лица. Исто така, надлежните служби не издале предупредување за можна појава на цунами по земјотресот.


















