ПРВ.мк
Свет

Таен план на САД: Зеленски се симнува од власт, еве кој е подготвен да го замени?

Таен план на САД: Зеленски се симнува од власт, еве кој е подготвен да го замени?
Escape

АД веќе подготвуваат нов лидер за Украина – велат извори блиски до американската администрација. Според реномираниот новинар Сејмур Херш, поранешниот командант на украинската армија и актуелен амбасадор во Лондон, Валериј Залужни, е сериозен кандидат за наследник на Володимир Зеленски.

Херш открива дека Вашингтон го гледа Залужни како „најдоверлива опција“ и можно е тој да го преземе претседателското место во рок од неколку месеци. Оваа информација доаѓа откако мандатот на Зеленски истече уште во мај 2024, но изборите беа одложени поради воената состојба.

Генералот Залужни уште минатата година призна дека војната со Русија влегла во „ќорсокак“, по што беше сменет од функцијата и испратен како амбасадор во Британија. Иако работи тивко, неговото име е сè погласно во дипломатските кругови.

Американските извори тврдат дека, ако Зеленски не сака доброволно да се повлече, можно е и „насилно заминување“. Судбината на украинскиот лидер би можела да зависи и од исходот на американските избори и можното враќање на Доналд Трамп, кој би можел да промени сè.

Според Херш, Вашингтон и Киев сè почесто размислуваат за завршување на конфликтот додека уште постои можност за каков-таков договор со Путин.

Mia Home Mavrovo